Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

Германски државјанин е приведен откако со дрон неовластено снимал воена караула во струшкото село Радожда, соопштија денеска од СВР Охрид.

Инцидентот се случил вчера околу 14:30 часот, кога полициски службеници го лишиле од слобода 56-годишниот А.С. од Германија. Тој бил затекнат како управува со дрон во зона каде што снимањето е строго забрането.

„Лицето е приведено поради сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства’ од член 350 од Кривичниот законик“, наведуваат од полицијата.

Од СВР Охрид истакнуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против германскиот државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни