Македонија

Германија даде согласност за прием на Македонија во НАТО

Германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО, и ќе се заложи процесот да биде завршен што е можно побрзо, пренесува Дојче Веле.

Во соопштението на Владата на Германија се вели дека приклучувањето на Македонија во НАТО е важен за безбедноста во евроатлантскиот простор, и дека тоа е важен импулс за натамошна стабилизација на Западен Балкан.

„Сите услови за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се исполнети. Во февруари би требало сите земји членки да го потпишат Пртоколот“, соопштува владата во Берлин.

Во соопштението се додава дека Северна Македонија игра конструктивна улога на Западниот Балкан, што станало видливо со подготвеноста да се промени името и да се реши долгогодишниот спор со Грција.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни