Германија испорачала воена опрема во вредност од 122 милиони евра во периодот 2014-2020 година, и покрај санкциите на Европската унија против Русија.
Според извештајот на Истражи Европа, и покрај ембаргото за оружје што ЕУ го воведе во 2014 година по руската анексија на Крим, Германија испорачала воена опрема во вредност од 122 милиони евра во Русија.
Портпаролот на Министерството за економија, Анике Ајнхорн, во изјава во Берлин рече дека Германија не издала нови дозволи за извоз на воена опрема во Русија по ембаргото за оружје на ЕУ во 2014 година.
ЕУ го забрани извозот по нелегалната анексија на Крим
Ајнхорн не даде јасна изјава во врска со тековната испорака до 2020 година.
Германија извезувала возила за специјална заштита, бродови за кршење мраз и пушки во Русија.
По илегалната руска анексија на Крим во 2014 година, ЕУ одлучи да го забрани извозот на какво било оружје или сродни материјали во таа земја.