Германски државјанин го веел знамето на „Голема Албанија“: МВР ќе му поднесе кривична

21-годишен германски државјанин го веел знамето на „Голема Албанија“ на пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово каде домаќин му беше градоначалникот Билал Касами.

– Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично- правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ. По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело- А.М.(21), кој е германски државјанин, се вели во соопштението од МВР.