Германското обвинителство ги конфискува становите во Минхен во сопственост на руски пратеник и неговата сопруга

Окружното обвинителство во германскиот град Минхен објави дека конфискувало станови и запленило банкарски сметки во сопственост на руски пратеник и неговата сопруга, во согласност со санкциите на ЕУ воведени поради инвазијата на Украина, пренесе Асошиетед прес.

Обвинителството соопшти дека пратеникот на Државната дума (долниот дом на рускиот парламент) и неговата сопруга, идентификувани само со нивните иницијали Л. и К., во согласност со германските правила за доверливост, биле косопственици на два стана во Баварскиот град и продолжија да добиваат приходи од изнајмување со кршење на санкциите.

Се вчитува...

Тие истакнаа дека сопругата на рускиот пратеник, која е регистрирана како жител на Минхен, е и единствен сопственик на трет стан во градот, од кој продолжила да издава. Двајцата се осомничени за кршење на германските закони за надворешна трговија.

Наредбата за конфискација на недвижен имот беше издадена минатата недела, но стапува на сила од денеска. На оние кои живеат во становите им е дозволено да престојуваат во нив, но веќе немаат право да плаќаат кирија на двајцата осомничени, а парите за нивното сместување ќе треба да ги депонираат во окружниот суд во Минхен.

На запленетата жиро сметка месечно добивале околу 3.500 евра.