Македонија

Ги натерал лажно да обвинат друго лице за наводна кражба, три лица од Центар Жупа добија кривични!

Ги натерал лажно да обвинат друго лице за наводна кражба, три лица од Центар Жупа добија кривични!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.К.(58), У.К.(45) и С.Х.(41), сите од с.Праленик, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

На 09.02.2024, прво и второпријавениот биле поттикнати од третопријавениот лажно да пријават кривично дело „тешка кражба“ во нивната куќа, со цел да се обвини друго лице како сторител заради лична нетрпеливост.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни