Александар учествуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи. Kога некои философи сакаа да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рече: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“
И во тој миг философот онеме. Со својата молитва и на Ариј тој му го прекина животот.
Се упокои на возраст од деведесет и осум години, во 340 година. Свети Јован Постник управуваше со Црквата во времето на злиот цар Анастасиј, еретик акефалит. Се упокои во 595 година. С
вети Павле IV управуваше со Црквата пет години и осум месеци. Од престолот се одрече откако тајно прими схима, за да се покае за гревот што најпрво се согласи со иконоборците.
Му беше претходник на големиот Тарасиј, а се упокои во времето на Ирина и Константин, во 784 година.