Македонија

Гинекологија Чаир нема да се затвори, Филипче му се спротивстави на Шилегов

Во последните три години, раководителите на Специјалната болница за гинекологија и акушерство, во Чаир, го информирале Министерството за здравство дека нивниот систем за греење од мазут е постар од 50 години и дека е во лоша состојба. Едно од известувањата е на 21 август 2017 година, кога со Министерството за здравство раководеше Арбен Таравари. Но изгледа тоа известување за овој проблем на гинеколошката болница, останало во архивата на Министерството за здравство. Сегашниот министер, Филипче не сака да зборува за тоа зошто претходно не е преземено ништо.

Освен што го известиле Министерството за здравство, раководителите на Гинекологија, за проблемот со греењето, писмо испратиле и до Министерството за животна средина и Град Скопје.

Освен пет деценискиот систем, оџаците кои секое утро го загадуваат воздухот во Чаир, повеќе од три години се без филтри. Прашан зошто Министерството за  животна средина не преземале нешто за ставање на филтри во текот на овие години, зм.министерот, Јани Макрадули не даде конкретен одговор.

Освен што немале поддршка од Министерството за здравство и Министерството за животна средина, Гинекологија Чаир ја посетиле и Инспекторатот за животна средина при Град Скопје. Шилегов вчера рече дека ова е последната опомена за да се среди печката, инаку „Болницата ќе биде затворена од стана на Град Скопје“ рече тој. Но, првиот човек на Министерството за здравство, не верува дека ова болница ќе се затвора.

Без да каже точен датум, Филипче вели рече гасификацијата на гинекологија Чаир, ќе се направи во скоро време, а верува дека „следната сезона ќе биде целосно поинаква“.  Во Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ печките освен што се користат за  загревање на внатрешноста на болницата, се користи и за загревање и вода, која е неопходна за болницата во која годишно се раѓаат околу 4 илјади бебиња, а се прават околу 2 илјади хируршки интервенции. Во планот за гасификација, освен гинекологија Чаир, се и болниците на Куманово и  Струмица.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни