Евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека Европската унија ги поддржува и железничкиот коридор 8, кој поврзува Јадранското со Црното Море, и коридорот 10, кој ги поврзува Северот и Југот преку Македонија. Тој нагласи дека новата влада има право да ги разгледа договорените проекти и да постави прашања за нивната имплементација.
„Не сум сигурен дека тие не се согласуваат со принципот на железнички коридор преку она што го нарекуваме коридор 8 кон Бугарија. Тие покренаа голем број прашања за извршувањето и спроведувањето на она што се предлага. Нормално е дека новата влада што доаѓа почнува да ги разгледува досиејата, да почне да гледа што е договорено, што се предлага и да поставува прашања. И ние, се разбира, имаме многу добар и отворен дијалог со нив за сите овие прашања,“ рече Гир.
Гир додаде дека ЕУ инвестира во двата коридори како дел од трансевропската мрежа и дека ќе продолжат да разговараат со владата за најдобриот начин за поддршка и прилагодување на овие проекти. „Она што го разговараме со владата е како може да биде најдобрата поддршка, да се прилагоди за ова, и колку се зрели различните проекти за коридорот 8 и коридорот 10, ние инвестираме и во двата. Ќе продолжиме со дискусиите и ќе видиме каде ќе излеземе. Но, мислам дека принципот не е доведен во прашање. Тоа е прашање на имплементација и брзина,“ заклучи тој.