Македонија

Гир: Првиот круг од изборите помина во генерално мирна и демократска атмосфера

Гир: Првиот круг од изборите помина во генерално мирна и демократска атмосфера

Денеска евроамбасадорот Дејвид Гир присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк рече дека „првиот круг од изборите помина во генерално мирна и демократска атмосфера. Се надеваме дека така ќе биде и за време на камапањата вториот круг од претседателските избори и за параламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки“.

-Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од Првиот круг на изборите. Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, тие исто така и во кампањата за парламентарните избори тие ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни