Македонија

Глаукомот е тивок убиец на видот, потребни се редовни контроли

Глаукомот е тивок убиец на видот, потребни се редовни контроли

Глаукомот е опасна болест која доведува до постепено губење на видот. Опасноста е поголема заради тоа што во рана фаза е без симптоми. Не постои ниту лек. Редовните мерења на очниот притисок, посебно за оние со генетска предиспозиција засега е единствениот начин за справување со болеста.

Кога еднаш ќе се дијагностицира очниот притисок, пациентот е на доживотна терапија. Праксата покажува дека тригер фактори се стресот, дијабетесот, но и прекумерната изложеност на зрачење од монитори.

Паѓа и старосната граница, освен ризичната група над 50 години, во пораст е и бројот на пациенти над 40 години. На глобално ниво, глаукомот е втора причина за слепило, после катарактата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни