Македонија

Го затекнале при кражба – приведено 32-годишно лице во Куманово

Го затекнале при кражба – приведено 32-годишно лице во Куманово

Денеска (09.03.2023) во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(32) од Куманово.

Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од куќа на улицата „30 Јули“ во Куманово.

Е.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни