Алијанса за Албанците по повод Нова Година одржа прес-конференција на која спомна неколку од неуспесите на реформската Влада, осврнувајќи се на неколку прашања кои ги тангираат Албанците, како што е неприфаќањето на амандманите поднесени до Алијанса за Албанците за официјализирање на албанскиот јазик. Исто така, од партијата зборуваа за амнестирањето на луѓето кои го нападнаа законодавниот дом на 27 април. Според Таравари, единствениот успех на оваа Влада е отворањето на уставните промени, кои ги подобриле односите со Грција.
„Еден од најфлагрантните нешта за дискриминација на еден народ е законот за употреба на албанскиот јазик. Сега кога се отворија уставните измени и кога Албанците беа одлучувачки фактор, во овие измени ДУИ излезе толку либерална, што воопшто не ѝ пречи терминот 20%“, вели Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.
