Балкан

Ѓоковиќ влезе во финалето во Рим и испиша историја – 1000 победи во кариерата

Ѓоковиќ влезе во финалето во Рим и испиша историја – 1000 победи во кариерата

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Каспер Руда со 2-0 во сетови и се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим.

Српскиот ас по еден час и 43 минути игра славеше со резултат 6:4, 6:3 и со тоа ја постигна 1000-та победа во кариерата.

За шестата титула во главниот град на Италија, прва по две години ќе се бори со Стефанос Циципас, кој претходно денеска по пресвртот го совлада Александар Зверев.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни