Малиот херој Никола, роден со тежина од само 900 грама, по 65 дена престој на клиника си оди дома.
Оваа вест ја објави ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје на својот Фејсбук профил каде велат дека семејството конечно можат да се смеат и никој да не им забележи колку гласно тоа го прават.
„Семејството Ристоски конечно можат да се смеат и никој да не им забележи колку гласно тоа го прават, да пеат и повторно никој да не им забележи колку тоа гласно го прават, а посебно најмалиот Ристоски, малиот Никола, големиот борец….тој нека се смее…нека пее и нека потплакува понекогаш гласно, најгласно. Малиот Никола беше роден во 27 гестациска недела со телесна тежина од 900 грама. Никола беше храбар и победи и по 65 дена престој на ОИНТ не поздрави и си замина домче кај мама и тато. Мило дете, ти посакуваме силно здравје и бескрајно среќно детство. На персоналот на ОИНТ ви благодариме што несебично се грижите за овие мали души што поскоро да закрепнат, што побрзо да пораснат“, напишаа тие.