Македонија

Голем број барања за средба со Лавров во Скопје – „ќе има билатерални, но и мултилатерални средби“

Голем број барања за средба со Лавров во Скопје – „ќе има билатерални, но и мултилатерални средби“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека голем број земји поднеле барања за средба со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за време на неговиот престој во Скопје на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ.

„Навистина можам да потврдам дека има многу барања за билатерални средби. Ќе има и мултилатерални средби“, рече Захарова на брифинг со новинарите.

Се очекува во Скопје да пристигнат Лавров и американскиот дипломат Ентони Блинкен, но засега нема најави дека можеби ќе се сретнат.

Пристигнувањето на Блинкен е најавено за попладне, додека времето на пристигнување на Лавров не се споменува.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни