Македонија

Голем пожар кај Чучер Сандево – ангажирани полициски, армиски и ДЗС хеликоптери за гасење

Голем пожар кај Чучер Сандево – ангажирани полициски, армиски и ДЗС хеликоптери за гасење

Голем пожар на отворен простор беснее на територијата на општина Чучер Сандево, над магистралниот пат Скопје – Блаце, кој избувна вчера попладне. Во акцијата за негово гасење се вклучени два полициски и еден армиски хеликоптер, како и единици на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) со Хермелин цистерна, возило Пинцгауер и теренец „Амарок“. Поддршка дава и скопската Бригада за противпожарна заштита (БППЗ), со повеќе пожарникари и противпожарни возила.

Според очевидци, пожарот започнал во близина на патот кон Блаце, а како можна причина се наведува фрлен отпушок од цигара од возило во движење или евентуално намерно потпалување.

Надлежните упатија апел до граѓаните за совесно однесување и предупредија никогаш да не се фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и кога се мисли дека се изгаснати. „Доколку забележите пожар, веднаш јавете на бројот за итни случаи 112“, порачаа од службите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни