Македонија

Голем пожар во магацински простории, ТППЕ Струмица интервенираше со 3 возила и 11 пожарникари-спасители

Голем пожар во магацински простории, ТППЕ Струмица интервенираше со 3 возила и 11 пожарникари-спасители

Денес, (среда) 28.08.2024 година, во 17.00 часот ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 11 пожарникари-спасители интервенираше на запален објект на Стокомак пред с.Дабиле. Пожарот ги беше зафатил магацинските простории и се ширеше кон внатрешноста на објектот. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција пожарот е локализиран и ликвидиран и се спречени големи материјални штети, информираат на својот фејсбук профил Пожарникари Струмица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни