Голема акција во Скопје и Гевгелија: На терен специјалци, се апсат членови на групата на Штекли

Моментално во низ Скопје и Гевгелија има голема полициска акција,.

Според информациите, на повеќе локации се специјалци кои спроведуваат акција во која се апсат членови од групата на Раде Трајковски, попознат како Штекли, кој исто така е уапсен попладнево.

Уапсен познатиот Раде Трајковски – Штекли!

Штекли е уапсен поради сомничење за трговија на дрога, односно предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. Штекли на јавноста и е познат по пресметките со нарко картелите.

Тој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното