Македонија

Голема меѓународна акција во која учествуваше и Македонија: Родители си ги продавале децата за сексуална експлоатација, ги терале на криминал и питачење

Голема меѓународна акција во која учествуваше и Македонија: Родители си ги продавале децата за сексуална експлоатација, ги терале на криминал и питачење

Апсењето на 219 осомничени за трговија со луѓе и идентификацијата на повеќе од 1.374 жртви, меѓу кои 153 деца, се резултатите од операцијата, која со поддршка на Европол, Фронтекс и Интерпол беше спроведена во 39 земји во светот. вклучувајќи ја и Македонија.

Акцијата под кодно име „Глобален синџир“ била спроведена од 3 до 9 јуни, а била насочена кон случаи на сексуална експлоатација, принуден криминал и питачење, објави Европол.

Во акцијата се идентификувани вкупно 362 осомничени, запленети се пари, уреди, откриени се 363 лажни документи, а покренати се над 276 нови истраги.

Една од целите беше да се идентификуваат и разбијат најопасните криминални мрежи активни во Европа, како што се мафијашки, етнички и семејни организации и други структурирани мрежи, кои се занимаваат со трговија со луѓе. Во рамките на криминалните појави на сексуална експлоатација, принудно питачење и принуден криминал, органите на прогонот ставија посебен акцент на таргетирање на случаи во кои се вклучени деца како жртви. се наведува во соопштението на Европол.

Акцијата на Европол беше спроведена во Европа, но и во Азија и Јужна Америка.

Инаку, во оваа голема акција, покрај Србија, учествуваа и Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија и Словенија.

Најстрашниот пример на експлоатација на деца е откриен во Унгарија, каде брачна двојка принудувала шест од нивните малолетни деца на секс, како и на питачење на улица.

Децата се физички, психички и сексуално малтретирани од сопствените родители. Полицајците ги затекнале децата запуштени, неухранети и во севкупна лоша здравствена состојба.

Со врзување во соба во домаќинството, родителите им понудиле на луѓето од соседството да имаат секс со своите деца, а за возврат да им платат за тоа, се вели во соопштението на Европол.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни