Македонија

Горат магацини кај Бит Пазар во Скопје – пожарникарите на терен

Горат магацини кај Бит Пазар во Скопје –  пожарникарите на терен

Пожар избувнал вечерва во близина на Бит Пазар во Скопје, при што биле зафатени магацински простории. Според првичните информации, нема повредени лица.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на местото на пожарот интервенираат екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје со шест противпожарни возила.

Пожарникарите се ангажирани во гаснењето на огнот, а поради интервенцијата засега нема подетални информации за обемот на пожарот и причинетата материјална штета.

Причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се познати. Надлежните служби најавуваат дополнителни информации во текот на вечерта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни