Според Влатко Ѓорчев, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, најавените налепници на автомобилите, не се решение за чистење на воздухот, и порача Заев, Макрадули и Шилегов веднаш да ја прекинат оваа мерка, која според него, ќе носи само штета на граѓаните на Македонија, особено оние од средната класа и сиромашните.
„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов веднаш, веднаш уште денес или уште утре да престанат со нивниот проект за стигматизирање на цели категории на граѓани, а кој што се однесува на налепниците на возилата поврзани со издувните гасови.
Во моментов онака како што Заев, Шилегов и Макрадули замислиле многу мал број на возила односно само возилата на оние кои што можат тоа да си го дозволат ќе бидат обележани со зелена налепница.
Оваа нивна мерка е директно насочена против средната класа во Република Македонија и против сиромашните. Затоа што нивните возила нема да можат да бидат забележани со зелена налепница. Тие луѓе со месеци, и со месеци нема да можат да ги користат нивните возила, нема да можат слободно да се движат и ќе имаат реални конкретни, практични проблеми во нивното дневно функционирање. И тие и нивните семејства.
Со ваквото решение на Зоран Заев, Петре Шилегов и Јани Макрадули ќе изгубат илјадници, и илјадници дури и стотици илјади граѓани на Република Македонија. А, проблемот со загадениот воздух нема да биде решен.
Значи многу мал број на возила ќе може да имаат зелената налепница која што сакаат да им ја доделат Шилегов, Макрадули и Заев. Оваа мерка е лоша, оваа мерка е штетна, оваа мерка не го решава проблемот на граѓаните затоа што најголемиот дел од загадувањето доаѓа со затоплувањето и едноставно ќе предизвика бројни и бројни секојдневни проблеми за стотици илјади граѓани.
Ако треба ова да го сумирам во 30-тина секунди на оваа прес конференција онака како што веројатно може и народот адекватно да се пренесе би било следно: ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов веднаш да прекинат со нивниот проект за стигматизирање, гетуизирање и ограничување на движењето на средната класа и на сиромашните луѓе во Република Македонија, затоа што нивниот проект за лепење на налепници на возила е буквално скандалозен.“, рече Ѓорчев.
