Македонија

Ѓорѓиевски: Моќта на градоначалниците е премногу голема, треба да се ограничи!

Ѓорѓиевски: Моќта на градоначалниците е премногу голема, треба да се ограничи!

Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ќе работи на измени на Законот за локална самоуправа со цел да се воспостави механизам за смена на градоначалниците.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нагласи дека моќта на градоначалниците е премногу голема и треба да се ограничи.

„Проблемот е најизразен во Скопје, а утре може да се појави и во која било друга скопска општина. Не може еден човек, поради свои разбирливи причини или фрустрации, да држи заложници цел град или цела општина. Градоначалниците, од моја перспектива, се недопирливи и претерано заштитени согласно постоечките закони“, изјави Ѓорѓиевски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој истакна дека градоначалниците можат да се сменат само на избори и смета дека нивната моќ треба да се ограничи.

„Градоначалникот ќе знае дека може да започне, но можеби нема да го заврши мандатот до крај, што ќе го натера да размислува за реализација на проекти. Имаме градоначалници кои четири години ги поминаа во хибернација без никаква казна освен изборите. Мора да се воведе механизам кој ќе овозможи одговорност и за време на мандатот, не само за кривична одговорност, туку и за општа одговорност на градоначалниците“, додаде Ѓорѓиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни