Македонија

Ѓорѓиевски на гости кај баба Коса, го прославија нејзиниот 100-ти роденден

Ѓорѓиевски на гости кај баба Коса, го прославија нејзиниот 100-ти роденден

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска беше во посета на баба Коса Илиевска од Црниче за заедно да го прослават нејзиниот 100-ти роденден.

„денес заедно го прославивме нејзиниот 100-ти роденден! Баба Коса е една прекрасна, весела и ведра жена која иако денес одбележува еден век од нејзиното раѓање, таа сепак е полна со живот, баба на две внучиња и прабаба на пет. Си муабетевме, ми раскажа за животот и искуството кое го има зад себе, дури ми даде и добри совети. Мене ми е навистина драго што имав чест да седнам со четири генерации, сите заедно на една маса. Ова е тоа за кое вреди да се живее. Беше прекрасно дружење, ви благодарам! Баба Коса, да си ми жива и здрава и остани таква полна со елан каква што си а догодина, да го прославиме и 101-от роденден!“, напиша Ѓорѓиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни