Македонија

Ѓорѓиевски: Нема разлика меѓу владеењето на Петре Шилегов и Данела Арсовска – депониите и сообраќајниот хаос ќе ги решам!

Ѓорѓиевски: Нема разлика меѓу владеењето на Петре Шилегов и Данела Арсовска – депониите и сообраќајниот хаос ќе ги решам!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на прес конференција порача дека нема разлика меѓу владеењето на Петре Шилегов и Данела Арсовска.

„Од утре влегуваме во процес на креирање на кампањата. Она што сите го знаеме и во силен фокус е решавањето на сообраќајниот хаос, хаосот со дивите депонии, градот е прљав, немаме улица или маало каде што немаме проблем со хигиената. Тоа е она што најмногу ги тишти скопјани, не само во изминатите 4 години, туку и неколку години претходно. Не можеме да направиме далечна отстапка од она Петре Шилегов како владееше со градот и Данела (Арсовска), речиси и да нема некоја разлика меѓу нив двајца“, вели Ѓорѓиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни