Свет

Гори болница во Индија! Мртвите се извлекуваат, по многумина се трага, снимката од местото на несреќата е морничава!

Гори болница во Индија! Мртвите се извлекуваат, по многумина се трага, снимката од местото на несреќата е морничава!

Седум пациенти се пронајдени мртви во лифт откако голем пожар зафати болница во Индија, додека 30 во моментов се повредени.

Две жени и едно дете се меѓу жртвите во приватна четирикатна клиника во Диндигулу во индиската држава Тамил Наду.

Сите во лифтот биле пронајдени во несвест, а потоа биле прогласени за мртви, јавуваат локалните медиуми.

Во моментот на избувнувањето на пожарот во болницата имало околу 100 пациенти. Се стравува дека многумина се заробени внатре.

Се претпоставува дека пожарот избувнал поради краток спој на приземјето и ја зафатил целата зграда.

Густиот чад кој брзо ги исполни ходниците ги попречи обидите за бегство, задушувајќи некои од пациентите внатре.

На пожарникарите им требаше повеќе од еден час да го стават огнот под контрола. Од прозорците и вратите можеше да се забележи густ чад.

Спасувачките тимови сега ја пребаруваат зградата и го евакуираат секој што ќе го најдат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни