Попладнево е пријавен пожар на отворено во скопската населба Железара, каде што огнот зафатил објект за бои.
Според првичните информации, инцидентот се случува на булеварот „Александар Македонски“ број 67. За настанот веднаш била известена Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, чии екипи се упатени на терен за справување со огнот.
Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуално повредени лица или причинета материјална штета. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.