Македонија

Гостиварец пријавил дека неколку мажи го извлекле од автомобилот и го соблекле

Гостиварец пријавил дека неколку мажи го извлекле од автомобилот и го соблекле

Ноќеска во 2 часот и 25 минути, Х.П од гостиварски Вруток во СВР Тетово пријавил дека еден час пред тоа во близина на гостиварското село Мердита бил пресретнат од неколку лица, кои го извлекле од возилото и му ја соблекле облеката.

Според пријавеното, тие извршиле пребарување во неговото возило и заминале.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни