Македонија

Гоце Ристов нов кандидат за претседател на Македонија, никој не знае како изгледа и јавно е непознат!

Гоце Ристов нов кандидат за претседател на Македонија, никој не знае како изгледа и јавно е непознат!

До Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов.

„Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, објави вчера ДИК.

Ристов е единствениот кандидат за кого нема информации од каде доаѓа и зошто одлучил да почне да се вклучи во трката, бидејќи собирањето потписи завршува в петок.

Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата.“ – објави вчера ДИК

Инаку досега во претседателската трка веќе влегоа 7 кандидати. Прв до 10.000 стигна Бујар Османи по што следеше Таравари, Димитриевски, Ванковска, Јакимовски, Силјановска и Пендаровски.

Кандидатите кои стигнаа до 10.000 веќе не организираат собирање на потписи па нивните бројки денеска се речи си идентични како и оние вчера.

Собирањето на потписи трае до 8-ми март.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни