Македонија

Гоце Тодоровски, Александар Кујунџиски, Братислав Ташковски и Божин Павловски добитници на државната награда „23 Октомври“

Гоце Тодоровски, Александар Кујунџиски, Братислав Ташковски и Божин Павловски добитници на државната награда „23 Октомври“

Актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиерот, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски се овогодишни добитници на престижната државна награда „23 Октомври“.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси, промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 23 октомври во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни