Македонија

Град Скопје објави јавен повик за избор на независни стручни лица за Скопје ЕПК 2028

Град Скопје објави јавен повик за избор на независни стручни лица за Скопје ЕПК 2028

Град Скопје, согласно одлуката на Советот на Град Скопје, објави јавен повик за избор на независни стручни лица кои ќе бидат дел од телото за спроведување на проектот „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“.

Повикот е отворен за физички лица со живеалиште на територијата на Град Скопје, кои имаат значително искуство во областите: изведбена и музичка уметност, визуелна уметност и нови медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културното наследство, креативни индустрии, применета уметност и општествени науки.

Избраните членови ќе придонесат за водењето, спроведувањето и координацијата на активностите што произлегуваат од титулата на Скопје како Европска престолнина на културата за 2028 година.

Дополнителни информации за јавниот повик се достапни на веб-страницата на Град Скопје:
https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/i

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни