Македонија

Град Скопје за Курто Дудуш: Само во Македонија кога функционер е фатен во криминал, организира протести за да го покрие сопствениот срам

Град Скопје за Курто Дудуш: Само во Македонија кога функционер е фатен во криминал, организира протести за да го покрие сопствениот срам

Од Град Скопје информираат дека само во Македонија кога функционер е фатен во криминал, организира протести за да го покрие сопствениот срам.

„За жал, таков е и случајот со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш кој е доволно храбар ем да им наплаќа на сопствените сограѓани противправно „услуга“ за собирање на смет, истиот тој смет да го собира со општински возила и нелегално да го фрла на дива депонија формирана на приватен плац сопственост на Курто Дудуш.

Срамота е во 21 век, во 2024 година вакви луѓе да зборуваат и да обвинуваат други за наводен расизам. Во време кога здравата животна средина е императив , да ги труеш своите сограѓани креирајќи диви депонии не е расизам туку екоцид врз сопствениот народ. 

Ги повикуваме надлежните органи, МВР и Јавното Обвинителство сериозно да ги разгледаат доказите кои се состојат од видео и фото материјали, записници, документации и изјави, а кои ќе бидат доставени од градот Скопје.

Следниот пат кога Дудуш ќе ги повика жителите на својата општина на протести, нека им објасни што всушност крие и дека градот Скопје нема намера да ги чисти депониите кои тој лично ги прави“, велат од Град Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни