Македонија

Градежен работник затрупан со земја во струшко – итно пренесен во болница!

Градежен работник затрупан со земја во струшко – итно пренесен во болница!

63-годишен работник во скопска фирма тешко повреден е при работа во струшкото село Делогожда, кога врз него паднала ископана земја.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршен е увид во содејство со трудова инспекција, при што е констатирано дека при изведување на градежни работи околу канализациона мрежа се урнал дел од откоп од земја при што С.Г. се здобил со повреди и бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што се констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Струга.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни