Градоначалникот киднапиран од Русите: За нив вредноста на мојот живот е нула

Градоначалникот на украинскиот град Мелитопол, Иван Федоров, го опиша своето искуство откако бил киднапиран од руските сили.

„Тоа беа опасни шест дена бидејќи вредноста на мојот живот е нула за Русите. Неколку војници дојдоа кај мене во текот на ноќта и разговараа со мене 4-5 часа“, рече Федоров, додавајќи дека се соочил со психичка, но не и физичка тортура.

Федоров сега е во Рим и беше ослободен како дел од размена на затвореници. Тој вели дека се уште е во редовен контакт со граѓаните на Мелитопол и дека тамошните цивили немаат на располагање ниту храна, ниту лекови.