Македонија

Градоначалникот на Гази Баба: Опожарувањата се смислено сценарио за политички поени

Градоначалникот на Гази Баба: Опожарувањата се смислено сценарио за политички поени

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Боби Стефановски, смета дека се работи за смислено сценарио за опожарување на објекти со цел добивање политички поени пред локалните избори. Тој за медиумите изјави дека доказ за тоа се видео снимките објавени денеска.

„Во ноќните часови беа опожарени два одделни сервиси за автомобили. На видео снимките се гледа како лица свесно влегуваат, полеваат со бензин и ги палат овие сервиси. Ова е уште еден доказ дека се работи за смислено сценарио, кое некој го користи за политички поени пред изборите“, рече Стефановски.

Тој исто така изрази задоволство што пожарот во Трубарево бил изгаснат за релативно кратко време и упати апел до оние кои сакаат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните да не го прават тоа.

„За 15 часа пожарот беше локализиран. Пред неколку години имавме сличен пожар близу Мадрид кој траеше четири дена. Морам да апелирам до оние кои сакаат да предизвикаат вознемиреност или да покажат неспособност на институциите – здравјето на граѓаните не смее да се ризикува за дневно-политички поени“, додаде Стефановски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни