Пожарот во расадникот во Општина Кисела Вода продолжува да се шири, иако скопските пожарникари се во постојан напор да го стават под контрола.
Линијата на пожарот се протега на околу стотина метри, а ситуацијата е дополнително отежната поради непроодната вегетација во расадникот која ги комплицира напорите на пожарникарите да распоредат црева од противпожарните возила.
Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, иако пожарот не е целосно под контрола, нема причина за паника меѓу граѓаните од околината.
Сепак, за да се обезбеди дополнителна помош, на терен пристигна и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој активно учествува во гаснењето на пожарот, работеејќи рамо до рамо со пожарникарите за да се спречи понатамошно ширење на огнот.