Градоначалникот: На Мариупол му се закануваат смртоносни епидемии, условите се катастрофални

Во Мариупол, кој е под урнатини и претежно под руска контрола, останаа околу 100.000 луѓе, а тие се во голема опасност поради нехигиенските и средновековните услови во градот, кои можат да доведат до разни болести, дури и смртоносни епидемии.

Градскиот совет соопшти дека Би-Би-Си објави дека тие се во смртна опасност поради ризикот од колера и дизентерија, бидејќи хигиенските услови биле катастрофални.

„Наскоро, кога ќе дојде потопло време, градот би можел да биде погоден од силни и смртоносни епидемии, за што ќе придонесат распаѓањето на трупови под урнатините, како и недостигот на вода за пиење и храна“, соопшти градскиот совет.

„Окупаторите не можат да го снабдат постојното население со храна, вода и лекови – или едноставно не се заинтересирани за тоа“, рече градоначалникот Вадим Бојченко, повикувајќи на итна и целосна евакуација на Мариупол, додавајќи:

„Тие ги блокираат сите обиди за евакуација и без тоа луѓето ќе умрат.