Македонија

Градоначалникот на Ново село: Две куќи целосно уништени, едната е спасена да не се доуништи до крај

Градоначалникот на Ново село: Две куќи целосно уништени, едната е спасена да не се доуништи до крај

Силен пожар попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново Село кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи.

Во разговор за ТВ21, градоначалникот на Ново Село, Ѓорге Божинов вели „три куќи, три домаќинства од кои две се целосно уништени, a едната е спасена да не се доуништи до крај“.

-Опожарени се три куќи, три домаќинства од кои две се целосно уништени едната е спасена да не се доуништи до крај. Опожарени се три племни како помошни простории каде нашите сограѓани чуваат стока, сено и предизвикана е огромна материјална штета на радиус од околу 200 метри е се изгорено, опожарено. Заради сериозноста на проблемот покрај територијалната против пожарна единица Струмица којашто настапи со околу 20 луѓе побарав воздушна поддршка од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и добивме хеликоптер кој пристигна за некои 15 минути од МВР а после половина час дојде и хеликоптерот на АРМ. Се уште работиме пожарот е ставен под контрола нема ризик од ширење но се уште полицискиот хеликоптер е активен на терен, вели градоначалникот на Ново село, Ѓорге Божинов за ТВ21.

Во продолжение погледнете го целосно разговорот со градоначалникот:

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни