Македонија

Градоначалникот на Струмица заврши на инфузија од вдишување на чад

Градоначалникот на Струмица заврши на инфузија од вдишување на чад

Пожарникарите-спасители изразуваат голема благодарност за денешниот чекор на градоначалникот Костадинов со кој реши да не награди сите со по 10 000 денари и како прв го вреднуваше нашиот труд.

„Ниту фотографии ниту видеа и пред конференции, Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо до на пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас.

Во еден момент кога ескалираше пожарот вдишувајќи многу чад мораше да прими инфузија. Но не се откажа ниту на кој било начин се обиде тоа да го експлоатира“, напишаа Пожарникари Струмица на својот фејсбук-профил.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни