Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев на својот Фејсбук профил упати јавен апел до премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Беким Сали, директорот на болницата во Штип и сите одговорни во одделенијата во болницата.
Тој вели дека кога ќе се однесе пациент во болницата во Штип со посериозни проблеми, јавна тајна е дека назад се враќа во погребaлно возило.
„Студено,кревети и постелнина од 19 век….. за храна да не зборуваме….и таа што ја има нема кој да ги храни луѓето….несменети памперси…крв… Зборувам за отворени рани за неполни 9 дена … Лично сум сведок, дека наместо да се излекува пациентот , пациентот се враќа во вегетабилна состојба. Товарот е на семејството“, вели Владев.
Како што посочува, зборува од име на функцијата градоначалник на соседната општина.
„Како е на обичните граѓани и пациенти. Пациент во стабилна состојба да го отпуштат по десетина дена во ,,страшна” состојба со отворени рани и во несвесна состојба. Дали имаат чувство спрема пациентот и неговото семејство….. Уште еднаш апел до сите одговорни во нашата ни држава во ресорот ЗДРАВСТВО дека животот нема цена. Одговорност мора и треба да има ,од секој одговорен за секој пациент посебно.
Се изнагледав многу работи во последните денови во болницата во Штип. Ова го пишувам од лично искуство но и од искуството на многу мои сограѓани. Со господ Бог напред….“, додава Владев.
