Откако делови во Македонија почнаа да имаат проблеми со „упади“ од страна на мечките, очигледно побарувачката на истите се зголеми.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот Твитер профил сподели порака од социјалните мрежи каде му бараат да им даде мечиња за да ги чуваат во двор заедно со срни.
Сепак, тој вели дека исклучена е можноста овие животни да се даваат на чување на приватни лица
„Побарувачката по мечки се зголемува но, исклучена е можноста мечки и мечиња да се даваат на чување на приватни лица. Доколку некој има ептен голем мерак може да си купи големо кадифено мече“, порача Ангелов.
Побарувачката по мечки се зголемува но, исклучена е можноста мечки и мечиња да се даваат на чување на приватни лица.
Доколку некој има ептен голем мерак може да си купи големо кадифено мече. pic.twitter.com/3yC2wbnKuf— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) November 5, 2023