Дел од Амбасадите во Лондон со предупредување до нашите сонародници на Островот. Причината – прогласениот штрајк на граничните власти за време на божиќните и новогодишните празници.
Се советуваат лицата од ОК да внимаваат на ажурирани информации за доцнења, откажувања на летови и услуги на траект, особено помеѓу 23-ти и 26-ти декември, а потоа од 28-ми до 31-ви.
Негодувањето најсериозно ќе ги погоди лондонските аеродроми Хитроу и Гетвик, како и летовите преку Манчестер, Глазгов, Кардиф и Бирмингем. Штрајкови планираат работниците во железницата и пристаништето.