Грчка невладина организација сподели фотографија од исчезнатата Вања!

Грчката невладина организација „Насмевката на детето“, чија главна цел е заштита на децата и нивните права, на официјалниот Фејсбук профил објави фотографија од исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска.

Според објавата, споделени се сите информации како што е личниот опис на девојчето, облеката што ја носела на денот на исчезнувањето, како и официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

Инаку, „Насмевката на детето“ е најголемата и единствената непрофитна организација за заштита и помош на децата во Грција, а меѓу активностите е и Амбер Алерт Грција за исчезнати деца, како и националната линија СОС за помош.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното