Македонија

Грчки „Ејџиан“ ќе ги намали летовите Атина – Скопје

Грчки „Ејџиан“ ќе ги намали летовите Атина – Скопје

Грчкиот национален авиопревозник Ејџиан, најави дека ќе го намали бројот на летови на линијата Атина – Скопје престојната зима.

Летови на оваа рута ќе има четири пати неделно, наместо досегашните шест пати.

Линијата Скопје – Сараево на истата компанија ќе нема промени, односно ќе има три лета неделно во ноември и декември, а следните три месеци по два неделни.

„Ејџиан“ ја воведе линијата Атина – Скопје во ноември 2018 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни