Балкан

Грипот во Хрватска не престанува да зема жртви: До сега починаа 45 лица

Грипот кој и натаму владее во Хрватска, досега одзеде 45 животи. До 27 јануари, регистрирани се дури 28.664 заболени од опасниот грип кој што владее во оваа земја веќе две недели.

Најмногу починати биле лица над 65 години, и имале една или повеќе хронични болести.

Најмногу случаи на грип 11.100 се евидентирани минатата недела, што укажува дека епидемијата е на врвот. Обично епидемијата на ваков грип трае неколку недели, пренесува „Индекс“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни