Македонија

Грковска: Играњето фудбал не е начин на кој треба да работат функционерите, треба да се има малку повеќе сензибилитет

Грковска: Играњето фудбал не е начин на кој треба да работат функционерите, треба да се има малку повеќе сензибилитет

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска денеска во изјава за медиумите истакна дека играњето на будбал во министерки кабинет не е начин на кој треба да работат функционерите.

„Не сметам дека е тоа начин на којшто функционерите би требало да се однесуваат и сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите би требало да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните“, смета Грковска.

Прашана во однос на судирот на интереси за фирмата на братот на вицепремиерот Артан Груби, која добила средства од Владата, таа истакна дека очекува ова прашање да го покрене и испита ДКСК, бидејќи тоа е, вели, во нивна надлежност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни