Гром усмрти две лица, а уште две тешко повреди на тревникот пред Белата куќа, пишуваат светските агенции. Моментот го снимила безбедносна камера.
Сите четири жртви биле пренесени во блиските болници, каде што двајца подоцна починале.
Органите на редот биле сведоци на инцидентот, кои веднаш по увидот им пружиле прва помош на настраданите.
Претходно во четвртокот, Националната метеоролошка служба издаде „предупредување за силно невреме“ и предупреди на потенцијални налети на град и ветер со брзина до 96 км/ч во Вашингтон.