Во вечерашното „Отворено студио“ на 1ТВ, Виктор Грозданов зборувајќи за актуелната состојба со медиумите во Македонија, рече дека кабелскиот оператор Телекабел врши уцена врз медиумите барајќи 50.000 евра за реемитување на телевизискиот сигнал.
Тој обвинува дека АВМУ кога доделува лиценца на телевизиска станица со национална концесија, треба да му овозможи на медиуми својот сигнал без проблем да го дистрибуира до кабелските оператори.
„Вас ви дадоа лиценца да работите и ве оставија, една година сами да се мачите да влезете на сите платформи за кои ви е дадена лиценцата. Еден оператор кој неофицијално е газда на телевизија, од каде што доаѓа најверојатно новиот претседател на Здружението на новинари, Младен Чадиковски кој заради транспарентност пред медиумите ќе мора да одговори кој му е газда ви бара 50.000 евра за да се приклучите таму. Тоа не само на вас, тоа го барал и на ТВ Нова, ТВ21, ТВ Клан, ТВ Шења тоа се вика уценувачки фактор. И агенцијата која треба на вас да ви даде можост либералиција кога се зборува, тоа значи слободен пристап до сите граѓани и до сите домаќинства во делот на вашиот сигнал.“, рече Грозданов во вечерашното издание на „Отворено студио“ на 1ТВ.
