Грција ги легализираше приватните универзитети и покрај протестите

Ипокрај протестите на студентите и опозицијата, парламентот во Атина го усвои законот за отворање приватни универзитети.

Само со гласовите на пратениците од владејачката конзервативна партија, Собранието го донесе законот за отворање приватни универзитети. Целата опозиција гласаше „против“. Студентите и опозицијата ја обвинија власта дека го „приватизира високото образование“.

Се вчитува...

Студентските протести пред парламентот кулминираа со брутална употреба на сила од страна на полицијата. Во инцидентите се повредени десет лица. Полицијата употреби солзавец и палки против демонстрантите. Настрадаа и новинарите.

„Полицискиот напад беше жесток и брутален“, велат повредените студенти.

Опозицијата ја осуди употребата на сила врз студентите и побара оставка од началникот на полицијата.