Екс премиерот, сега азилант Ниола Груевски по потпишувањето на протоколот за НАТО се обрати преку Фејсбук. Во неговиот Фејсбук статус се вели:
Нова парадигма. За името.
(Го честитам денешното потпишување на протоколот за НАТО. Размислувања за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името)
1. Новонастаната ситуација
Досегашната парадигма за постигнување разумен компромис со Грција пропадна. Назначувањето на марионетска влада во Република Македонија го сруши концептот кој бараше правичност, фер договор и разумен компромис. Македонија во спорот за името остапи речиси се. Грција доби речиси се. По оваа новонастаната ситуација, потребна е нова парадигма за името и идентитетот. Таа парадигма ќе биде основата на која по заминувањето на марионетската влада, новата влада и МНР ќе треба да направи нова доктрина.
Текстот е само скромен обид да поттикне размислувања, дебата и можеби да се даде скромен допринос кон новата парадигма за името и идентитетот по операцијата спроведена од марионетската влада. Текстот не е наменет за оние кои читаат само кратки текстови. Има за цел да поттикне размислувања и дебата. Ставовите се мои лични и на никаков начин не треба да се доведуваат во корелација со ставовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.